
Силниот северен ветер денес го погоди Скопје, носејќи проблеми за граѓаните и материјална штета на повеќе локации низ градот. Ветровите, според УХМР, ќе бидат особено засилени во претпладневните часови, а последиците веќе се видливи на терен.
ЈП „Паркови и зеленило“ апелира до граѓаните да ги избегнуваат паркирањето на возила под дрвјата, со цел да се спречат несакани инциденти. „Паднатите гранки или цели дрвја можат да предизвикаат сериозна штета, затоа вниманието е клучно“, предупредуваат од претпријатието.
Во случај на паднато дрво, граѓаните можат да пријават преку ЦУК на бројот 112 или да контактираат со дежурните служби наведени на веб-страницата на ЈП „Паркови и зеленило“.























