Според најновите податоци од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, кандидатот на партијата за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, води со 34.734 гласови, додека кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, има 16.835 гласови, што претставува однос од 2 спрема 1 во корист на Ѓорѓиевски.
Трендот на водство на ВМРО-ДПМНЕ се забележува и во повеќе општини низ државата, според ажурираните резултати:
Аеродром: ВМРО-ДПМНЕ – 4.130, СДСМ – 1.560 Карпош: ВМРО-ДПМНЕ – 4.750, независниот кандидат Стевче Јакимовски – 3.914 Дојран: ВМРО-ДПМНЕ – 806, СДСМ – 406 Кочани: ВМРО-ДПМНЕ – 1.754, независен кандидат Венко Крстевски – 891 Чучер-Сандево: ВМРО-ДПМНЕ – 1.020, СДСМ – 610 Долнени: ВМРО-ДПМНЕ – 1.414, ВЛЕН – 502
Аналитичкиот центар нагласува дека водството на ВМРО-ДПМНЕ е стабилно, а разликата меѓу кандидатите во Скопје континуирано се зголемува, што ја потврдува стабилната позиција на партијата на локалните избори.































