УТРО.мк

Орце Ѓорѓиевски: Победивме со чесна борба, сега следи работа за народот

Орце Ѓорѓиевски: Победивме со чесна борба, сега следи работа за народот
Vero

Новoизбраниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва по изборната победа изјави дека веднаш по примопредавањето на функцијата ќе започне со реализација на плановите за подобрување на состојбите во главниот град.

„Веднаш по земањето на уверението, ветувам дека ќе се борам да ги поправиме состојбите. Дозволете ми да се заблагодарам на мојата најсилна поддршка – претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Се собираа, се групираа, правеа јавни и тајни коалиции, но Скопје покажа дека е вистински обединет град и денеска ги поразивме сите. Бидејќи имаше и ниски удари, и удари под појас, сакам да се заблагодарам на моето семејство,“ изјави Ѓорѓиевски пред своите поддржувачи.

Според најновите податоци од Државната изборна комисија, по преброени 98,69% од гласачките места, Орце Ѓорѓиевски освоил 94.241 глас, додека неговиот противкандидат од Левица, Амр Мециновиќ, добил 60.032 гласа.

Ѓорѓиевски ја оцени изборната победа како потврда дека граѓаните на Скопје сакаат вистински промени и најави дека ќе работи со полна посветеност за подобро и помодерно Скопје.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран