Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески, вечерва прогласи голема победа на локалните избори во Општина Аеродром, освојувајќи над 18.000 гласа.
„Благодарам за можноста што ми ја дадовте! Ова за мене е голема одговорност и ве уверувам дека ќе ја оправдам вашата доверба. Уште утре почнуваме со работа да го направиме Аеродром место на кое сите ќе се гордееме“, порача Митески во своето победничко обраќање.
Од ВМРО-ДПМНЕ ја оценија победата како потврда на довербата на граѓаните во нивните политики и најавија динамичен старт на реализацијата на проектите ветени во изборната кампања.































