
Пожар избувна во станбена зграда на улицата „Христо Смирненски“ во скопската општина Центар, при што биле зафатени терасата и една просторија од станот.
Според информации од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, веднаш по добиената пријава на терен интервенирале противпожарни екипи.
Пожарот бил брзо ставен под контрола, локализиран и целосно изгаснат, со што е спречено негово понатамошно ширење кон другите станови во зградата.
Во инцидентот нема повредени лица, а причините за избувнувањето на пожарот засега се непознати и ќе се утврдуваат во натамошна истрага.
View this post on InstagramA post shared by Канал 5 Телевизија (@kanal5televizija)















