УТРО.мк

(ВИДЕО) Демонстранти спречија поставување ограда на нелегалниот пешачки премин кај Бит-пазар

(ВИДЕО) Демонстранти спречија поставување ограда на нелегалниот пешачки премин кај Бит-пазар
Vero
Извор: Screenshot; ТВ21
Извор: Screenshot; ТВ21

Екипи на Град Скопје денеска започнаа акција за физичко затворање на неофицијалниот пешачки премин во близина на Бит-пазар, со поставување метална ограда, но интервенцијата беше прекината поради силен отпор од група граѓани кои излегоа на терен и со жив ѕид го блокираа пристапот на службите.

Според очевидци, на локацијата се собраа претежно жители од Чаир и околината, кои реагираа бурно на одлуката преминот да се затвори. Тие инсистираат дека преминот се користи секојдневно и дека неговото укинување би им го отежнало движењето, поради што одбиваат да дозволат поставување ограда.

Градоначалникот на Скопје претходно најави дека просторот ќе биде трајно ограден, образложувајќи дека станува збор за нелегално и небезбедно преминување на коловозот. Според неговите изјави, иако имало барања од дел од локалното население преминот да биде формално регулиран, Градот ја отфрлил таа можност, повикувајќи се на безбедносни причини за сите учесници во сообраќајот.

„Имаше иницијативи од граѓани од тој дел на градот преминот да се легализира, но ставот на Градот е дека локацијата мора да биде затворена заради безбедност“, изјави градоначалникот во претходно обраќање.

Во текот на вчерашните и денешните случувања, протестите прераснаа во блокада на булеварот „Крсте Петков Мисирков“, при што сообраќајот бил целосно запрен во одредени периоди. На терен имаше засилено полициско присуство, додека демонстрантите продолжија со спречување на работите, барајќи преминот да остане функционален како и досега.

ВИДЕОТО МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

ВИДЕОТО МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран