
Планирани прекини на електричната енергија денеска ќе опфатат делови од Ѓорче Петров и Петровец, информираат од ЕВН Македонија. Поради технички зафати на електродистрибутивната мрежа, повеќе улици во Волково и Катланово неколку часа ќе останат без напојување.
Во населбата Волково, во Општина Ѓорче Петров, без струја од 9 до 14 часот ќе бидат жителите на улиците „31“, „102“ и „103“.
Прекин на електричната енергија е најавен и во Општина Петровец. Од 11 до 13 часот без напојување ќе останат дел од корисниците на улицата „Катланово“, влезот кон Катланово, како и потегот долж Регионалниот пат.
Од ЕВН апелираат граѓаните навремено да ги прилагодат дневните обврски додека траат интервенциите на терен.
















