
Повеќе домаќинства во скопската општина Ѓорче Петров денес привремено ќе останат без електрична енергија поради најавени интервенции во дистрибутивната мрежа.
Како што информираат надлежните служби, прекинот е дел од редовен план за одржување и техничко унапредување на системот. Без струја ќе бидат корисниците на дел од улицата „Мечкин Камен“, во потегот од куќен број 33 до број 45.
Електричната енергија ќе биде исклучена во временскиот интервал од 09:00 до 14:00 часот, по што се очекува постепено нормализирање на снабдувањето.
Од институциите нагласуваат дека станува збор за планирани активности чија цел е подобрување на стабилноста и сигурноста на електро-мрежата во овој дел од градот.
















