УТРО.мк

Во трагедијата на скопската обиколница загинаа баритонот Ристе Велков и неговиот син

Во трагедијата на скопската обиколница загинаа баритонот Ристе Велков и неговиот син
Vero

Баритонот Ристе Велков од Македонската опера и балет е возачот на „бмв“-то во кое загинаа четворица во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи на скопската обиколница.

Меѓу жртвите е и неговиот 20-годишен син.

За истражните органи до овој момент познати се идентитетите на тројца од жртвите, а се утврдува идентитетот на четвртото лице. Станува збор за 51-годишниот баритон Ристе Велков како и две лица на возраст од 20 години со иницијали А.В и П.М.

Велков беше еден од водечките македонски баритони и еден од најхаризматичните оперски солисти.

Роден е во 1975 г. во Скопје, Република Македонија. Како реномиран солист–првенец на Македонската Опера и Балет, тој претежно настапува во Bellcanto продукции, со што го заслужува и оправдува епитетот- италијански баритон со кадифена боја. 

Извор: Скопје Инфо

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран