УТРО.мк

Идентификувани се уште две лица кои синоќа настрадаа во сообраќајната несреќа кај Радишани: И двајцата се на 20-годишна возраст

Идентификувани се уште две лица кои синоќа настрадаа во сообраќајната несреќа кај Радишани: И двајцата се на 20-годишна возраст
Vero

Околу трагедијата на скопската обиколница, во близина на Радишани, откриени се нови детали во врска со жртвите кои ги загубија животите во тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 23 часот.

Според информациите од истрагата, животот го загубил 51-годишниот Р.В. од Скопје, кој управувал со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски таблички. Во возилото со него се наоѓале уште две млади лица – 20-годишните А.В. и П.М., исто така од Скопје, како и едно четврто лице чиј идентитет засега не е утврден.

Несреќата се случила на потегот меѓу клучката кај Мирковци и надвозникот Визбегово, кога товарно возило со косовски регистарски ознаки, управувано од 76-годишниот Б.Б. од Косово, изгубило контрола и навлегло во спротивната насока на движење. Во тој момент дошло до директен судир со „бмв“-то во кое се наоѓале жртвите.

Од силината на ударот, веднаш избувнал пожар кој ги зафатил двете возила. И покрај брзата интервенција на пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, патничкото возило и кабината на камионот целосно изгореле.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран