УТРО.мк

Полицијата со официјални детали за сообраќајката кај Визбегово

Полицијата со официјални детали за сообраќајката кај Визбегово
Vero

Четири лица го загубија животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа на скопската обиколница, во која учествуваа камион и патничко возило, потврдуваат од МВР.

Несреќата во полиција била пријавена синоќа во 23 часот, а трагедијата се случила на потегот помеѓу надвозникот кај Визбегово и клучката Мирковци.

Возачот Б.Б. (76) од Косово управувајќи камион „ман“ со полуприколка со косовски таблички, изгубил контрола врз возилото, ја пробил заштитната метална ограда и преминал во спротивната лента на автопатот. Таму директно се судрил со автомобил „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот Р.В. од Скопје.

Од ударот избил пожар во двете возила, а автомобилот и кабината на камионот целосно изгореле. 

– На местото на несреќата, животот го загубиле возачот на автомобилот, Р.В. и сопатниците А.В. (20) и П.М. (20) од Скопје, како и уште едно лице чиј идентитет сè уште не е утврден. Лекар од Итната медицинска помош само ја констатирал смртта кај четирите лица, а по наредба на јавен обвинител, телата се предадени на обдукција, соопштија од МВР. 

Возачот на камионот, 76-годишниот Б.Б., по наредба на обвинител е лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна истрага.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран