УТРО.мк

Утре без струја повеќе локации во Скопје и околината: Прекини до шест и пол часа

Утре без струја повеќе локации во Скопје и околината: Прекини до шест и пол часа
Vero

Утре, 16 ноември 2026 година, се планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во Кисела Вода и на повеќе локации во скопската околина.

Во Кисела Вода, од 08:30 до 15:00 часот, без струја ќе останат дел од корисниците на улицата „Коста Новаковиќ“, од „ЗУР маркет“ до крајот на слепата улица.

Од 09:00 до 13:36 часот, прекинот ќе ги опфати дел од Петровец, наплатната рампа Петровец, Миладиновци, Текија, Дељадровце, „Макпетрол“ Миладиновци, „М-Стил“ и ЖТП Миладиновци. Причина се реконструкција на 10-киловолтната мрежа и поправки на дефекти.

Во општина Сопиште, од 09:00 до 13:00 часот, без напојување ќе биде месноста Под Брег во Горно Соње.

Од 09:30 до 12:00 часот, прекин е предвиден и во месноста Димково Лозје во Долно Соње, општина Сопиште.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран