УТРО.мк

Мицкоски: Новата детска градинка „Лавче“ во Инџиково е инвестиција во најмладите и во иднината на Македонија

Мицкоски: Новата детска градинка „Лавче“ во Инџиково е инвестиција во најмладите и во иднината на Македонија
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на новата детска градинка „Лавче“ во населеното место Инџиково, во Општина Гази Баба.

Мицкоски истакна дека секој завршен проект има свое значење, но дека инвестициите во најмладите се од особена важност бидејќи придонесуваат за подобри услови за раст, развој и воспитување на децата.

Според премиерот, новата градинка не претставува само инфраструктурен објект, туку место каде што ќе растат нови генерации, ќе се создаваат пријателства и ќе се градат детски спомени.

Тој нагласи дека проектите започнати по формирањето на Владата во јуни 2024 година постепено се реализираат и се ставаат во функција, со цел подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Мицкоски порача дека Владата ќе продолжи со инвестиции и реализација на проекти што носат конкретни придобивки за граѓаните.

„Македонија се гради со дела, со одговорност и со проекти што носат вистинска вредност за граѓаните“, порача премиерот Христијан Мицкоски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран