
Утре, 12 ноември 2026 година, се планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија на повеќе локации во Илинден, Кисела Вода, Гази Баба, Сопиште и Центар.
Во Илинден, од 08:00 до 15:30 часот, без струја ќе останат потрошувачите на патот кон фармите во Јурумлери и на улицата „27“ во Илинден. Прекинот е поради замена на пет столбови.
Во Кисела Вода, од 08:30 до 16:00 часот, без напојување ќе бидат делови од улиците „Христо Татарчев 14“ и „Христо Татарчев 2“.
Во Гази Баба, од 09:00 до 14:00 часот, прекинот ќе ги опфати потрошувачите на улиците „Хусеин Бајрам“, „Лезе Томи“, „Григор Прличев“, „163“, „165“, „166“, „170“ и „171“, поради работи во две трафостаници во Стара Нова Бања.
Во Сопиште, од 09:00 до 13:00 часот, без електрична енергија ќе остане дел од Црвена Прс.























