
Утре, 12 ноември 2026 година, се планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија на повеќе локации во Тетово и околината.
Од 09:30 до 14:00 часот, без струја ќе биде дел од селото Непроштено.
Од 09:30 до 14:30 часот, прекин ќе има кај објектите во Мала Речица, во околината на улицата „169“.
Од 09:45 до 14:30 часот, без напојување ќе останат објектите во населбата Дреновец, кај лозјата.
Од 10:00 до 13:00 часот, прекинот ќе опфати дел од Порој, селото Ѓермо, ХПП „Брза Вода“, објектите на „Бетон Форм“ и „Згими“, селото Џепчиште и индустриските објекти во него, како и објектот на „Меда 3“.























