
Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски.
Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт, преку Програмата Декада и Стратегијата за Ромите, како и со средства од општинскиот буџет.
Тоневски истакна дека реализацијата на ваквите проекти е насочена кон подобрување на условите за живот на жителите.























