
Пожарот што избувна попладнево во близина на Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во гаснењето учествувале 22 пожарникари со девет противпожарни возила, изјави за МИА командантот на скопската Противпожарна единица, Звонко Томески.
Според Томески, изгорел покривот на една двокатна куќа, а огнот се проширил и зафатил делови од уште две соседни куќи. Откако пожарот бил ставен под контрола, екипите почнале со расчистување.
Според првичните информации на „Прес24“, нема повредени. Причината за пожарот засега не е соопштена, а висината на материјалната штета допрва ќе се утврдува.























