
Дваесет и двегодишен активист во неделата, на 8 ноември, се искачил на јарболот пред зградата на германскиот парламент во Берлин, го симнал германското „Знаме на обединувањето“ и го фрлил на земја. На негово место поставил палестинско знаме, соопшти берлинската полиција.
Pro-Palestine activists raise the Palestinian flag at the Reichstag building in Berlin.3 activists have been arrested after they removed the German flag and replaced it with the Palestinian flag outside the German Parliament. https://t.co/vtwMdyW6Lt— Sergeant News Network(@sgtnewsnetwork)November 8, 2026
Двајца мажи, на возраст од 20 и 32 години, му помагале од подножјето на јарболот и ја снимале акцијата. Активистот, кој користел алпинистичка опрема, останал на јарболот околу еден час. Откако самиот се спуштил, полицајците со помош на пожарникарите го симнале палестинското знаме.
Полицијата води истрага поради сомнение за навреда на државата и нејзините симболи, оштетување јавен имот и прекршување на прописите за јавни собири. Групата „Peacefully Against Genocide“ ја презеде одговорноста за акцијата и соопшти дека со неа сакала да изрази солидарност со Палестинците.
Претседателката на Бундестагот, Јулија Клекнер, го осуди потегот и побара подобро обезбедување на парламентот. Берлинската полиција во понеделникот најави дека ќе ги приспособи мерките за обезбедување околу зградата.
„Знамето на обединувањето“ има површина од 60 квадратни метри и е спомен-обележје на германското обединување. Првпат било кренато на Плоштадот на Републиката по повод обединувањето на 3 октомври 1990 година. Оригиналот се чува во музеј во Бон, а знамето на јарболот редовно се заменува поради истрошеност.























