УТРО.мк

Утре без струја делови од Драчево и Шуто Оризари

Утре без струја делови од Драчево и Шуто Оризари
Vero
struja
struja

Поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, утре, среда 6 мај, корисници од Драчево и скопската општина Шуто Оризари ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 08:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел на ул. „Јустинијан Први“ во Драчево.

Подолг прекин е најавен за дел од Шуто Оризари. Таму, од 08:30 до 16:00 часот, без напојување ќе бидат дел од корисниците на улиците „Пелагонија“, „Брсјачка Буна“ и „Индира Ганди“.

Од ЕВН Македонија информираат дека планираните исклучувања се вршат со цел подобрување на квалитетот и сигурноста во снабдувањето со електрична енергија. Се апелира до граѓаните и фирмите од наведените подрачја навреме да ги исклучат осетливите електрични уреди за да се спречат можни оштетувања при повторното вклучување на струјата.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран