УТРО.мк

Лажно одобрение, вистинска измама: Продавал станови без легална градба

Лажно одобрение, вистинска измама: Продавал станови без легална градба
Vero

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и против О.Ф. (43), сопственик и управител на фирмата, поради сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“.

Според информациите од МВР, во текот на 2024 и 2025 година, пријавениот свесно и со намера да стекне противправна имотна корист, фалсификувал и користел лажно одобрение за градење, наводно издадено од Општина Охрид, кое се однесувало на надградба на станбена зграда.

Истрагата покажала дека осомничениот преку веб-страници за продажба објавувал огласи за станови и наплатувал средства од повеќе лица, доведувајќи ги во заблуда дека станува збор за легален градежен проект.

Надлежните институции продолжуваат со преземање на мерки за целосно расчистување на случајот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран