УТРО.мк

Дел од Тетово и седум села утре ќе останат без струја

Дел од Тетово и седум села утре ќе останат без струја
Vero

Поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, утре, среда 6 мај, корисници од дел на Тетово и седум тетовски села ќе останат без напојување со електрична енергија.

Според известувањето од Регионалниот центар за управување со кризи, прекините ќе започнат во утринските часови.

Од 09:00 до 14:30 часот без струја ќе бидат жителите на селата Седларево, Луковица, Гургурница и Мерово.

Во истиот период, од 09:00 до 15:00 часот, прекин ќе има и во дел од селото Брвеница, поточно на влезот од град.

Од 09:00 до 14:00 часот без напојување ќе биде дел од селото Порој, во реонот кај маркет „Алда“.

Од 09:30 до 14:30 часот струја нема да има во дел од селото Церово, како и во Тетово за објектите кои се наоѓаат на ул. „Ленин“.

Од ЕВН Македонија информираат дека прекините се вршат со цел подобрување на квалитетот и сигурноста во снабдувањето со електрична енергија. Се апелира до граѓаните и фирмите од наведените подрачја навреме да ја прилагодат работата и да ги исклучат осетливите електрични уреди за да се спречат можни оштетувања при повторното вклучување.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран