УТРО.мк

УШТЕ ГОРИ: Пожарот во „Дрисла“ не стивнува и покрај дождот

УШТЕ ГОРИ: Пожарот во „Дрисла“ не стивнува и покрај дождот
Vero

Пожарот на депонијата „Дрисла“ продолжува да го загадува Скопје, и покрај утринскиот дожд и напорите за гаснење. Граѓаните алармираат за чад, мирис на пластика и бараат трајно решение.

Ниту денешниот дожд во скопската котлина не помогна да се изгасне огнот. Чадењето продолжува, иако претходните денови, според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, биле исфрлени големи количини вода. Тој најави нови мерки за конечно спречување на горењето кое со денови го загадува воздухот.

Загаден воздух и вознемирени граѓани

Жителите алармираат дека мирисот на изгорена пластика и густ чад се чувствуваат во повеќе делови од градот – од Аеродром и Ново Лисиче до Кисела Вода, Пинтија и Драчево.

Силни реакции на социјалните мрежи

На социјалните мрежи масовно се споделуваат фотографии и видеа со пораки дека „Скопје е отруено“ и дека „секоја вечер Дрисла гори“. Дел од граѓаните бараат постојано обезбедување и камери на депонијата, а некои ја споредуваат ситуацијата со „Чернобил“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран