УТРО.мк

Угинати кучиња пронајдени наво Општина Кисела Вода – сомнежи за труење на јавни површини

Угинати кучиња пронајдени наво Општина Кисела Вода – сомнежи за труење на јавни површини
Vero

Сериозна загриженост кај граѓаните и активистите предизвика случајот со две угинати кучиња пронајдени утрово во скопската општина Кисела Вода, на локации во близина на станбени објекти и патеки што секојдневно ги користат жители од овој дел на градот.


Според првичните информации и сведоштва од здруженијата за заштита на животни, постои основано сомнение дека станува збор за намерно труење со силни хемиски супстанци, што претставува сериозен ризик не само за животните, туку и за луѓето.


Активистите алармираат дека ваквото однесување е директна закана за јавното здравје и безбедност, особено за децата кои играат во парковите и за граѓаните кои се движат низ овие површини.
„Фрлањето отров на јавни места е кривично дело кое не само што ги убива животните, туку може да има и далекусежни последици по здравјето на луѓето“, предупредуваат од здруженијата.


Случајот, како што посочуваат, не е изолиран, туку е дел од серија слични инциденти низ главниот град кои често остануваат без соодветна разрешница. Поради тоа, тие бараат итна реакција од институциите.
Меѓу клучните барања се спроведување на темелна истрага од страна на Министерството за внатрешни работи со цел откривање на сторителите, вклучување на Агенцијата за храна и ветеринарство за анализа на сомнителните супстанци, како и засилени контроли од страна на општинските инспекциски служби.


Воедно, граѓаните се повикуваат на зголемена внимателност, особено сопствениците на миленици, и се апелира веднаш да се пријават сите сомнителни појави, како оставени материи во форма на прашок или храна на јавни места, како и лица со сомнително однесување.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран