УТРО.мк

Кац: Лекциите од војната со Иран се научени – Израел инвестира во набавка на Ф-35 и Ф-15 авиони за долгорочна воздушна доминација

Кац: Лекциите од војната со Иран се научени – Израел инвестира во набавка на Ф-35 и Ф-15 авиони за долгорочна воздушна доминација
Vero

Израелскиот министер за одбрана Кац изјави дека искуствата од конфликтот со Иран покажале оти е неопходно земјата да обезбеди воздушна супериорност за наредните децении. Во тој контекст, Израел одобри нова набавка на борбени авиони од типот F-35 Lightning II и F-15 Eagle.


Според изјавата, безбедносните предизвици во регионот бараат долгорочна стратегија и континуирано зајакнување на воените капацитети, особено во воздушниот сегмент.


Аналитичарите посочуваат дека ваквите одлуки често следуваат по воени конфликти, кога искуствата од теренот се користат како аргумент за нови инвестиции во одбраната. Наместо намалување на трошоците, конфликтите во пракса неретко отвораат нов циклус на вооружување.


Одлуката за набавка доаѓа во период кога тензиите на Блискиот Исток остануваат високи, а безбедносните проценки укажуваат дека ризикот од нови ескалации не е целосно елиминиран.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран