УТРО.мк

Тешка сообраќајна несреќа кај „Врановски Анови“: Автомобил удри пешак, пренесен во Скопје со сериозни повреди

Тешка сообраќајна несреќа кај „Врановски Анови“: Автомобил удри пешак, пренесен во Скопје со сериозни повреди
Vero

Тешко повреден пешак е исходот од сообраќајна несреќа што се случила на 2 мај 2026 година околу 18:50 часот на регионалниот пат што води од село Извор кон општина Чашка, во близина на локацијата позната како „Врановски Анови“, информираат од Министерството за внатрешни работи.


Според официјалните податоци, до несреќата дошло кога патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Н. (26) од Скопје, удрило во пешакот Р.Ѓ. (57) од Велес.
Повредениот веднаш бил пренесен во Општата болница во Велес, а по укажаната прва помош бил итно упатен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран