
Четиринаесетгодишно девојче е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила на 2 мај 2026 година во Скопје, при судир меѓу електричен тротинет и патничко возило, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Несреќата се случила околу 14:55 часот на крстосницата меѓу улиците „Горно Лисиче“ и „Ѓорѓи Капчев“. Во инцидентот учествувале патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј. (55) од Скопје, и електричен тротинет „шаоми“, управуван од малолетничката.























