УТРО.мк

Црна ноќ на Скадарското Езеро: Превртен чамец однесе живот, едно лице исчезнато

Црна ноќ на Скадарското Езеро: Превртен чамец однесе живот, едно лице исчезнато
Vero

Тешка несреќа го потресе регионот откако маж на околу 40-годишна возраст го загуби животот при превртување на чамец на Скадарското Езеро, во пределот на Плавничкиот канал, во саботата навечер, пренесуваат црногорските медиуми.


Според информации од локалната полиција, во чамецот се наоѓале три лица. Едно лице починало како последица на несреќата, друго се здобило со повреди и самостојно се јавило во Ургентниот центар при Клиничко-болничкиот центар, додека по третото лице во моментов се трага.


„Станува збор за несреќен случај поврзан со превртување на чамец. Според досегашните сознанија, едно лице го загубило животот, едно е повредено и побарало медицинска помош во Ургентниот центар, додека потрагата по третото лице продолжува“, информираат од полицијата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран