УТРО.мк

Неверојатен случај: Близначки родени во ист ден, но со различни татковци – феномен регистриран само 20 пати во светот

Неверојатен случај: Близначки родени во ист ден, но со различни татковци – феномен регистриран само 20 пати во светот
Vero

Приказната за близначките Мишел и Лавинија Озборн открива редок и речиси неверојатен биолошки феномен што го изненади светот. Иако се родени во ист ден, со разлика од само неколку минути и ја делат истата мајка, тие немаат ист татко – што значи дека всушност се полусестри.


Неочекуваното откритие било направено во 2022 година, кога Лавинија ги добила резултатите од домашен ДНК тест. Анализата покажала дека таа и нејзината сестра, кои не се идентични близначки, имаат различни биолошки татковци, и покрај тоа што се зачнати природно и се развивале заедно во истата бременост.


Двете, денес на возраст од 49 години, се резултат на исклучително редок процес познат како хетеропатернална суперфекундација. Овој феномен настанува кога жената во ист циклус ослободува повеќе јајце клетки, кои се оплодуваат од сперма од различни мажи, а потоа успешно се развиваат во истата бременост.


Според досегашните податоци, вакви случаи се регистрирани само околу 20 пати во светот. По дополнително истражување направено за серијата „Подарокот“ на BBC Radio 4, било утврдено дека Мишел и Лавинија се единствените документирани близначки со различни татковци во Велика Британија.


Откритието било особено тешко за Лавинија, имајќи предвид дека двете сестри имале тешко детство, често менувајќи старатели и домови. Единствената стабилност во нивниот живот била токму нивната меѓусебна врска.
Нивната мајка била отсутна поголем дел од нивниот живот, а кога прашувале за таткото, таа им кажувала дека се вика Џејмс. Сепак, ДНК анализата открила поинаква вистина.


Резултатите пристигнале на 14 февруари 2022 година – истиот ден кога починала нивната мајка. При разгледувањето на податоците, Мишел открила дека таткото кој им бил претставуван како заеднички – Џејмс – всушност не е нивен биолошки родител. Подоцнежните анализи покажале дека биолошкиот татко на Мишел е Алекс, додека Лавинија потекнува од Артур.


И покрај ова откритие, останува непознато дали нивната мајка била свесна за ваквата ситуација.
„Мислам дека некаде длабоко знаела, но веројатно го негирала тоа“, изјавила Мишел.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран