УТРО.мк

Големи промени во пензискиот систем: Инвестирањето ќе зависи од возраста на осигурениците

Големи промени во пензискиот систем: Инвестирањето ќе зависи од возраста на осигурениците
Vero

Министерството за социјална политика подготвува значајни реформи во управувањето со средствата од вториот и третиот пензиски столб, со цел да се подобри ефикасноста и сигурноста на пензиските заштеди.

Клучната новина во предложените измени е воведувањето на таканаречени мултифондови, кои ќе овозможат различни стратегии на инвестирање во зависност од возраста на осигурениците и времето што им преостанува до пензионирање.


Според новиот концепт, распределбата на средствата ќе се врши по јасно утврдени возрасни категории. За осигурениците до 45 години се предвидува инвестирање во растечки или балансирани портфолија, што подразбира поголем ризик, но и потенцијално повисоки приноси. За лицата на возраст меѓу 45 и 57 години ќе постои флексибилност, односно можност за избор меѓу растечко, балансирано или конзервативно портфолио, во зависност од нивните лични преференции и толеранција на ризик. За осигурениците над 57 години, фокусот ќе биде ставен на балансирани и конзервативни портфолија, каде приоритет ќе има сигурноста и зачувувањето на вредноста на средствата.


Реформите доаѓаат како одговор на сегашната поставеност на системот, која се смета за премногу крута. Во моментов, околу 30 проценти од средствата се инвестираат во акции со варијабилен принос, што може да претставува сериозен ризик за лицата кои се блиску до пензионирање.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран