УТРО.мк

Три лица приведени за диви депонии во Скопје

Три лица приведени за диви депонии во Скопје
Vero

Скопје, 4 септември 2025 – СВР Скопје поднесе три кривични пријави за „загрозување на животната средина и природата со отпад“ по брза постапка до Основното јавно обвинителство Скопје. Кривичните пријави се поднесени против М.М.(54), А.А.(28) и Ф.А.(41), сите од Скопје, поради основано сомнение дека создале диви депонии на локацијата Вардариште.

Осомничените, кои подолг период вршеле откуп на старо железо, метални производи и стари акумулатори без соодветна регистрација и дозвола, оставале и транспортирале отпад на непрописен начин, со што го загрозиле квалитетот на почвата, воздухот и водата, но и здравјето на луѓето.

Судија на предходна постапка им одреди мерка притвор во затворот Скопје. Акцијата е спроведена во соработка со ОЈО Скопје.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран