Две малолетни девојчиња се здобиле со тешки телесни повреди откако паднале од електричен тротинет во Скопје. Инцидентот се случил вчера попладне, околу 17:00 часот, на улицата „Сава Михајлов“, информираат од МВР.
Со тротинетот управувала 15-годишна девојка од село Инџиково, која изгубила контрола и паднала на коловозот заедно со 14-годишната сопатничка. Повредените се префрлени и згрижени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.
На местото на несреќата е извршен увид од екипа на СВР Скопје, а истрагата продолжува за утврдување на околностите на несреќата.























