УТРО.мк

Саем за туризам и рурални домаќинства викендов во Скопје

Саем за туризам и рурални домаќинства викендов во Скопје
Vero

Скопје ќе стане центар на руралниот туризам овој викенд, кога ќе се одржи Саемот за туризам: рурални домаќинства во Македонија. Настанот, кој ќе се одржи на 31 јануари и 1 февруари, ќе понуди уникатна можност за посетителите да го почувствуваат вистинското секојдневие на македонското село.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, заедно со директорот на Земјоделскиот институт – Скопје, Душко Неделковски, амбасадорот на Словенија, Грегор Прескер, и заменик-шефот на мисијата во Амбасадата на Швајцарија, Михал Харари, на прес-конференција пред самиот саем, ги презентираа целите и програмата на настанот, истакнувајќи го значењето на развојот на руралниот туризам и поддршката на домашните производители.

„Саемот не е само изложба, туку патување низ автентичните македонски рурални приказни. Тоа е можност туристите да се поврзат со локалната заедница, да учествуваат во подготовка на традиционална храна, да дегустираат вина и ракии, да научат занаети и да почувствуваат култура што не може да се најде во туристичките брошури,“ посочија организаторите.

На саемот ќе бидат претставени мали рурални домаќинства со капацитет до 20 легла, семејни винарници со дегустации, ресторански услуги и сместување, како и земјоделски и рурални бизниси кои нудат мир, природна убавина и топло селско гостопримство. Посетителите ќе имаат можност да пробаат органски производи, локални деликатеси, традиционални преработки, вина и ракии директно од луѓето кои ги создаваат.

Саемот е отворен за сите генерации – од семејства со деца до туристички професионалци – а влезот е бесплатен. За време на настанот, посетителите ќе добијат ваучер со 15% попуст на производите и услугите на руралните домаќинства.

Музички настапи, стендап перформанси и детски катчиња ќе ја збогатат програмата, додека работилници за возрасни и деца ќе им овозможат да се запознаат со традиционалната македонска култура и занаети.

Организаторите нагласуваат дека овој пристап носи повеќекратни придобивки: создава подлабока врска меѓу посетителите и местото, ја поддржува локалната економија, го зачувува културното наследство и овозможува одржлив туризам.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран