
Грејната сезона 2026/2027 година ќе започне на 15 октомври и ќе трае до 15 април, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Сепак, греењето може да започне и порано, од 1 октомври, доколку прогнозата за средната надворешна температура за наредниот ден е 12 степени Целзиусови или пониска. Грејната сезона може да трае најдоцна до 30 април.
Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, снабдувачот е должен во грејните простории да обезбеди температура од 20 плус-минус 1 степен Целзиусов.
Оваа температура треба да се обезбедува во периодот од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот.
Од РКЕ ги повикаа заедниците на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации и инсталациите во објектите, како и да ги подмират обврските за електрична енергија наменета за топлинските потстаници.















