УТРО.мк

Меџити од Њујорк: Пријателството со САД мора да го зачуваме и зајакнуваме

Меџити од Њујорк: Пријателството со САД мора да го зачуваме и зајакнуваме
Vero

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.

Меџити посочи дека Советот претставува организиран глас на албанско-американската заедница и дека преку соработката со американските институции и Конгресот се застапува за прашања што ги засегаат Албанците во Косово, Македонија, Албанија и поширокиот регион.

Според него, поддршката од САД за мирот, стабилноста, демократијата и унапредувањето на правата на Албанците во регионот има особено значење.

„За нас Албанците, оваа врска има посебно значење. Во моментите кога на Албанците им биле потребни силни пријатели, ги имавме во Вашингтон“, истакна Меџити.

Тој нагласи дека албанската дијаспора во САД во изминатите години постигнала значајни успеси во бизнисот, дипломатијата, различни професии и јавниот живот, оценувајќи дека нејзината организираност и влијание претставуваат важен потенцијал за Албанците во целиот регион.

Меџити оцени дека односите со САД се една од најзначајните стратешки врски што Албанците ги изградиле во изминатите децении.

„Нашата задача е да го зачуваме и зајакнеме ова пријателство, а потенцијалот на нашата дијаспора да го претвориме во поголема застапеност, соработка и поддршка за Албанците во Македонија, Косово, Албанија и каде и да живеат“, порача Меџити.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран