УТРО.мк

Рози Мицкоска меѓу сопругите на светските лидери на прием кај Меланија Трамп

Рози Мицкоска меѓу сопругите на светските лидери на прием кај Меланија Трамп
Vero

Рози Мицкоска, сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, присуствуваше на приемот што го организираше првата дама на САД, Меланија Трамп, во Њујорк.

На приемот присуствуваа сопруги на шефови на држави и влади чии земји учествуваат на 81. Генерално собрание на Обединетите нации.

Настанот беше организиран во рамки на иницијативата на Меланија Трамп „Заедничко градење на иднината“ (Fostering the Future Together), која е насочена кон поддршка на децата и младите, како и создавање можности за нивниот развој и образование.

Во своето обраќање, Меланија Трамп истакна дека присутните претставуваат различни култури, јазици, истории и традиции, но дека се обединети околу заедничката одговорност кон идните генерации.

„Иднината на нашиот свет ќе биде одредена од она што денес го правиме за нашите деца“, порача првата дама на САД.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран