УТРО.мк

Пукање во Батинци – ова се деталите

Пукање во Батинци – ова се деталите
Vero

Денеска околу 10:15 часот во СВР Скопје беше пријавено пукање во близина на влезот на селото Батинци, скопско.

Според пријавата, едно лице испукало оган кон друго, кое се здобило со повреди. Повредениот е пренесен во здравствена установа, каде му била укажана медицинска помош.

Полицијата изврши увид на местото на настанот и работи на расветлување на случајот и пронаоѓање на сторителот. Во тек е истрага за утврдување на мотивите и околностите под кои се случила пукањето.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран