УТРО.мк

Прекин на водоснабдувањето во делови од Карпош и Тафталиџе

Прекин на водоснабдувањето во делови од Карпош и Тафталиџе
Vero

Жителите на неколку улици во скопската населба Карпош денеска ќе останат без вода поради сериозен дефект на водоводната мрежа. Од РЦУК Скопје информираат дека проблемот настанал поради оштетување на затворач со пречник од 300 милиметри на улицата „Женевска“, во близина на последната станица на автобусот 24.

Без водоснабдување од 9 часот утринава се корисниците на улиците „Женевска“, „Бриселска“, „Петар Драганов“, „Његошева“, „Стокхломска“, „Гаврил Лесновски“, како и крак 1 на „Партизанска“. Прекин ќе почувствуваат и дел од жителите на „Софиска“, но и објектите долж булеварот „Партизански Одреди“, на потегот од мостот „Обединети Нации“ до улицата „Московска“.

Екипите на надлежните служби веќе се на терен и работат на отстранување на дефектот, а од РЦУК посочуваат дека водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на санацијата.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран