
Жителите на две скопски општини денеска ќе се соочат со неколкучасовен прекин на електричната енергија поради планирани интервенции на дистрибутивната мрежа, соопштија од ЕВН Македонија.
Во општина Гази Баба, без напојување ќе останат дел од домаќинствата и деловните објекти долж улицата „Благоја Стефковски“, како и дел од булеварот „Александар Македонски“. Прекинот е најавен во периодот од 08:30 до 12:00 часот.
Паралелно, екипите на електродистрибуцијата ќе работат и во Ѓорче Петров, каде што од 09:00 до 14:00 часот струја нема да имаат дел од жителите на улицата „95“ во населбата Волково.
Од компанијата посочуваат дека прекините се резултат на технички активности за одржување и унапредување на мрежата, а граѓаните се повикуваат навремено да ги планираат своите обврски додека траат зафатите.
















