УТРО.мк

Мадуро ќе ја дели затворската ќелија со уште 18 осуденици

Мадуро ќе ја дели затворската ќелија со уште 18 осуденици
Vero

Апсењето на Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес во срцето на Каракас предизвика политички потрес што и натаму одекнува низ Венецуела. Додека американските власти ги подготвуваат обвиненијата за наводен „нарко-тероризам“ и шверц на кокаин кон САД, поранешниот венецуелски лидер деновите ги минува во затвор во Њујорк, во преполна ќелија што ја дели со уште 18 затвореници.

Во необично интервју за германскиот магазин „Шпигел“, неговиот син Николас Мадуро Гера, познат во јавноста како „Николасито“, открива детали за условите во кои престојува неговиот татко. Според него, во истата заедничка ќелија накратко бил сместен и контроверзниот американски рапер Текаши 6икс9ајн, кој повторно се нашол зад решетки поради прекршување на условите од претходното помилување.

Синот на Мадуро остро ги негира сите обвинувања против семејството, оценувајќи го процесот како политичка пресметка организирана од Вашингтон. Тој тврди дека ниту неговиот татко, ниту венецуелското раководство имаат каква било поврзаност со дрога или терористички активности.

Според неговите зборови, операцијата што американските сили ја спровеле во Каракас на 3 јануари била целосен шок и за власта и за самото семејство Мадуро. Тој признава дека Венецуела погрешно ги проценила сопствените безбедносни капацитети и не успеала навреме да реагира за да го спречи апсењето.

Во меѓувреме, Доналд Трамп тврдеше дека со апсењето на Мадуро, САД практично добиле влијание врз политичките процеси во Венецуела. Но „Николасито“ ги отфрла таквите изјави, инсистирајќи дека одлуките за амнестија, економски реформи и отворање на нафтениот сектор се носат исклучиво во Каракас.

И покрај притисокот и новите економски потези, тој уверува дека Венецуела нема намера да се откаже од социјалистичкиот курс, иако, како што признава, околностите ја принудуваат владата на одредени компромиси.

Додека поранешниот претседател ја чека разврската на судскиот процес во САД, функцијата вршител на должност претседател во Венецуела ја извршува Делси Родригез.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран