СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 30 јуни и 1 јули 2025 година, поради одржување на средбата на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе воведе посебен режим на сообраќајот во поширокото централно подрачје на градот.
СВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на униформираните полициски службеници за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.