УТРО.мк

Подметнати пожари во Визбегово? – ЦУК бара итна реакција за спречување на нови инциденти

Подметнати пожари во Визбегово? – ЦУК бара итна реакција за спречување на нови инциденти
Vero

Центарот за управување со кризи (ЦУК) испрати итен допис до Град Скопје и Општина Шуто Оризари поради двапати интервенираните пожари на дива депонија во близина на хотелот „Њу Стар“ во Визбегово на 28 јуни. Противпожарната бригада успешно го гаснеше огнот, но постои сомнение дека пожарите се подметнати, што создава сериозна опасност по здравјето на граѓаните и животната средина.

ЦУК бара итно обезбедување чуварска служба која ќе спречува нови палења и ќе ги известува надлежните при обиди за запалување. Исто така, побарано е покривање на депонијата со инертен материјал како што се шут или земја, за да се спречи ширењето на пожарот и неговото повторно појавување.

Дополнително, се нагласува потребата од засилен инспекциски надзор против нелегалното фрлање отпад на оваа локација.

„Апелираме институциите итно да преземат мерки за заштита на граѓаните и животната средина“, предупредуваат од ЦУК.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран