УТРО.мк

Општина Центар казни четири градилишта за зафаќање јавни површини

Општина Центар казни четири градилишта за зафаќање јавни површини
Vero

Инспекторите во Општина Центар казнија четири градилишта, поради незаконско зафаќање на јавни површини со градежен шут и материјали кои претставуваат опасност за пешаците и за безбедното одвивање на сообраќајот.

Записници и прекршочни налози беа изготвени за објекти лоцирани на улиците Златко Шнајдер, 9 Мај, Дебарца и Васил Стефановски, а казните за овие прекршоци се движат од 1.300 до 1.800 евра.

Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека надзорот врз активните градилишта ќе продолжи со несмален интензитет. „Редовно ја следиме состојбата на сите градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција има за секој кој го прекршува законот и ја загрозува јавната површина“, нагласи тој.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран