УТРО.мк

Општина Центар испрати протестна нота до Австриската амбасада поради непрописно паркирање

Општина Центар испрати протестна нота до Австриската амбасада поради непрописно паркирање
Vero

Општина Центар – Скопје испрати протестна нота до Амбасадата на Република Австрија поради непрописно паркирање на дипломатско возило со регистарски таблици 22-CMD-01. Возилото на 8 октомври 2025 година било паркирано во пешачка зона во паркот во населбата Капиштец, спроти угостителскиот објект „Интермецо“, што претставува директно прекршување на сообраќајните правила и загрозување на безбедноста на граѓаните.

Општината истакнува дека просторот е наменет за рекреација, спорт и детски игри, каде секојдневно престојуваат деца, млади и семејства. Ваквото однесување го нарушува јавниот ред и безбедноста.

Иако дипломатските возила уживаат посебен статус, почитувањето на локалните прописи е основен принцип што важи за сите. Општина Центар го повикува Министерството за надворешни работи да ја извести Амбасадата и да преземе соодветни дипломатски мерки за спречување на слични случаи во иднина.

Општината ја потврдува својата посветеност на взаемно почитување и соработка со дипломатската заедница, во духот на добри односи и меѓусебно разбирање.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран