УТРО.мк

Меџити: Започна реализацијата на проектот за поставување нови лифтови во колективните згради во Чаир

Меџити: Започна реализацијата на проектот за поставување нови лифтови во колективните згради во Чаир
Vero

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека е објавен јавниот повик за финансиска поддршка за поставување нови лифтови во колективните станбени згради во општината, со што започнува реализацијата на еден од најочекуваните проекти за граѓаните.

Според Меџити, проектот има за цел да обезбеди поголема безбедност, подобра пристапност и поквалитетни услови за живот за семејствата што живеат во колективните станбени објекти.

„И лифтовите стануваат реалност. Уште едно исполнето ветување. Во Чаир промените не остануваат само на хартија, туку се гледаат во секој започнат и завршен проект“, порача Меџити.

Тој додаде дека реализацијата на овој проект е дел од заложбите за подобрување на условите за живот на граѓаните и модернизација на станбената инфраструктура во Општина Чаир.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin