
Лишени од слобода седум лица во Скопје, Струга и Тетово во текот на изминатото деноноќие, затоа што кај нив при преглед е пронајдена дрога
На 30.06./01.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.А.(41), С.Б.(21), А.Р.(28), А.Б.(22) и 47-годишната Н.Б, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја, прашкаста материја, марихуана и нож.
На 30.06.2026 во 13:35 часот, на улицата „Петар Ѓончески Гиле“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го лишија од слобода Л.А.(49) од Струга, затоа што при извршен преглед, кај него пронашле кафеава прашкаста материја.
На 30.06.2026 во 15:30 часот во Тетово, на местото викано „Бањиче“, полициски службеници од ПС Тетово го лишија од слобода З.Д. (27) од село Бозовце, затоа што кај него била пронајдена марихуана.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

















