УТРО.мк

Меџити: Нов експерт во тимот за економски и буџетски развој на Чаир

Меџити: Нов експерт во тимот за економски и буџетски развој на Чаир
Vero

Кандидатот за градоначалник на општина Чаир и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска објави дека проф. Бујамин Бела се приклучува на неговиот тим како советник за економски и буџетски прашања.

Меџити нагласи дека присуството на експерти со длабоко знаење е клучно за донесување стратешки одлуки кои ќе го водат развојот на Чаир во иднина.

Проф. Бела е доктор на науки во менаџмент од Универзитетот во Истанбул и се истакнал како студент екселент, а денеска е признат професионалец со визија и богато искуство. Неговата експертиза ќе биде насочена кон поддршка на развојните процеси во општината.

„Добредојде во победничкиот тим, професоре!“, порача Меџити, истакнувајќи ја важноста на стручно водство за идниот развој на Чаир.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран