УТРО.мк

Меџити ја претстави стратегијата за долгорочен развој и модернизација на Чаир

Меџити ја претстави стратегијата за долгорочен развој и модернизација на Чаир
Vero

Изет Меџити, кандидат за градоначалник на општина Чаир, најави нов пристап за зголемување на буџетот и финансиските можности на општината преку европските фондови, со посебен фокус на програмата Horizon Europe.

„Приоритет ни е да создадеме диверзитет во буџетската структура и изворите на финансирање, за да ја зголемиме рамката за капитални инвестиции и долгорочни развојни проекти“, истакна Меџити.

Програмата Horizon Europe, главен инструмент на Европската унија за финансирање на иновативни, зелени и дигитални проекти, нуди можност за повеќе инвестиции, отворање на нови работни места и обезбедување квалитетни услуги за граѓаните, со што Чаир ќе стане модерна и конкурентна општина.

„Веќе започнавме конкретни чекори: формиравме специјализирани работни групи за европските фондови, составени од професионалци кои ќе подготвуваат и спроведуваат проекти со најголемо влијание во областите чиста енергија, зелен транзиција, дигитализација, иновации и образование“, додаде Меџити.

До сега се аплицирани три конкретни проекти во соработка со меѓународни партнери – истражувачки институции, универзитети, индустрија и општини од европски градови како Барселона, Атина, Берлин, Брисел и Букурешт.

„Целта ни е јасна: секое евро обезбедено од Европската унија да се претвори во инвестиции за подобри улици, модерни училишта и посилна локална економија. Чаир ќе биде нов модел на европски локален развој – општина која работи со визија, транспарентност и знаење, во служба на граѓаните“, порача Меџити.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран