УТРО.мк

Меџити: Ифтар во духот на единството и пријателството

Меџити: Ифтар во духот на единството и пријателството
Vero

Претставници на политичкиот и јавниот живот вечерва присуствуваа на ифтар организиран од Исламската верска заедница, меѓу кои и Изет Меџити, кој преку објава ја истакна пораката за заедништво, почит и духовна блискост што ја носи месецот Рамазан.

Како што посочи Меџити, ифтарската трпеза била подготвена во духот на традицијата – со урми, традиционална храна, молитви и атмосфера што ги зближува луѓето.

Во својата објава тој нагласува дека на трпезата немало разлики меѓу присутните, туку пријателство, добри зборови и чувство на заедништво. Според него, ваквите средби ја потврдуваат суштината на Рамазан – солидарност, благодарност и духовна поврзаност.

Меџити упати и порака со желби за мир, добрина и прифатени молитви до сите верници, нагласувајќи ја важноста на меѓусебното почитување и хармонијата во општеството.

Ифтарските средби во текот на Рамазан традиционално се организираат со цел да се зајакнат врските меѓу заедниците и да се промовираат вредностите на толеранција и соживот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран