УТРО.мк

Полиција изврши претрес во фабрика за марихуана во Валандово

Полиција изврши претрес во фабрика за марихуана во Валандово
Vero

По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, денеска полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово извршија претрес во простории на правен субјект за производство на марихуана во селото Јосифово, општина Валандово. Министерството за внатрешни работи информира дека акцијата била спроведена согласно издадена наредба, додека повеќе детали засега не се соопштуваат.

Претресот следува кратко по одлуката на Владата да одземе шест лиценци за производство на марихуана за медицински цели. Според неофицијални информации, една од одземените лиценци е поврзана со фабрика од која претходно биле одземени околу 40 тони марихуана во рамки на претходна акција.

Контролите биле спроведени од Министерството за здравство, кое добило овластување да утврди дали компаниите ги почитуваат законските прописи за одгледување марихуана и стандардите за квалитет. Според извори од министерството, лиценците се одземени поради различни неправилности, вклучувајќи: недостиг на физичко обезбедување и видеонадзор, несоодветно пакување на производите, непостоење соодветен стручен кадар и недостава на документација за купопродажба.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран