На 16.10.2025 година во 20:45 часот на ул.„Индира Ганди“ во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен претрес на Џ.Ш.(43) од Скопје при што биле пронајдени 71 полиетиленска паковка со марихуана. Лицето е лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.